Паралија празнa, газдите на апартманите им мерат температура на гостите
Во Грција почна туристчката сезона со мал број гости. Најголем дел од туристите се од Србија откако грчките власти решија да ја отворат границата со Бугарија. Паралија, едно од омилените летувалишта на Македонците е празно поради строгите мерки со корона вирусот.
Лежалките се разместени на неколку метри а речиси секаде во затворен простор се задолжителни маски. Цените во маркерите и рестораните не се променети, па така популарното гиро и суфлаки чини од два до три евра.
Специјалните услови има и за газдите кои изнајмуваат апартмани. Тие мораат секојдневно да ги чистат просториите за гостите а биле принудени да набават специјални термометри за мерење на температура. Па така секое сабајле и навечер газдите на студијата со специјална опрема, ракавици , маски визири им мерат температура. Доколку некој има покачена температура, или пак забележат дека не се чуствува најдобро должни се да го пријават во локалната амбуланта.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден од деветмината обвинети полицајци за Пулс не се чувствува виновен
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
-

САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната и отворање на Ормутскиот теснец
-

Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
-

Поскапуваат горивата
