Папата повика на мир и продолжување на дијалогот за Ерусалим

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско денеска повика на „мир за Ерусалим и целиот свет“, во рамки на својата божиќна порака на Плоштадот Свети Петар.
Папата изрази надеж за „продолжување на дијалогот“ за да се најде решение кое овозможува „мирен соживот на двете држави“. Поглаварот на Римокатоличката црква, исто така, повика на „меѓусебна доверба“ на Корејскиот Полуостров.
Тој истакна дека додека ширум светот католиците го прославуваат Божик, постојат војни и тензии на Блискиот исток, во Африка и на Корејскиот Полуостров.
Папата денеска на пладне истакна дека „ветришта на војната дуваат во нашиот свет, а застарениот модел на развој предизвикува човеково, општествено и еколошко назадување“.
На традиционалната божиќна миса, папата рече дека децата на Блискиот исток и „натаму страдаат поради се поголемите тензии меѓу Израелците и Палестинците“, додека Сирија останува „обележана со војна“ и нагласи дека судирите во Јемен се „целосно заборавени“.
Потоа тој повика на молитва за „судирите на Корејскиот Полуостров да можат да бидат надминати“.
Ново на Сител
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
-

Родителите на жртвите од Кран-Монтана пред зградата на обвинителството се соочија со брачната двојка Морети
-

Ограбено финансиско друштво во Аеродром: Украдени сефови, пари, мобилни телефони и други предмети
-

72-годишна жена паднала од автобус, па била прегазена
-

Три возила опожарени во гаража во скопско Батинци
-

4-годишно девојче и 38-годишен маж починаа по операција на крајници во болница во Чачак
-

Алиу: Според експертите, ќе треба максимум два месеца за извештај за кардиохируршките интервенции
-

ССМ ја реализираше втората етапа од блокадите
