Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите

Папата Лав XIV денеска ги повика некои од најбогатите американски католици да продолжат да ја поддржуваат неговата хуманитарна работа.
Папата Лав, роден во Чикаго, денеска во Апостолската палата се сретна со членовите на Папската фондација, која ги финансира папските проекти во земјите во развој, а состанокот беше одржан на крајот од нивното годишно поклонение во Рим.
Папата им се заблагодари на членовите на Фондацијата за великодушноста која, како што истакна, им овозможи на „неброени луѓе на конкретен начин да ја искусат добротата и милосрдието Божјо во своите сопствени заедници“.
Фондацијата е основана од покојниот филаделфиски кардинал Џон Крол во 1988 година, како начин за имотните американски католици директно да ги финансираат добротворните иницијативи на папата. Изборот на папата Лав во голема мера ја поттикна Американската црква, особено донаторската класа, коментираат светските агенции.
Папската фондација денеска соопшти дека нејзините членови одобриле повеќе од 15 милиони долари грантови за 2026 година, што е рекорд во 38-годишната историја на Фондацијата. Исто така, соопштено е дека 25 нови семејства се приклучиле на Фондацијата во годината по изборот на папата Лав. За некој да стане член на Фондацијата, потребно е да донира милион долари за поддршка на папските проекти, како што се изградба на сиропиталишта или манастири.
– Растот што го бележиме е неверојатно охрабрувачки, бидејќи ја одразува заедничката посветеност кон служењето, давањето и оживувањето на црковната мисија на значаен начин ширум светот – изјави Дејвид Севиџ, извршен директор на Фондацијата.
Фондацијата во моментов како членови ги има сите американски кардинали, а со неа управува одбор на доверители составен од бискупи и световни лица.
Ново на Сител
-

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик
-

Лавров: И покрај изјавите „ништо реално не се случува“ во односите меѓу САД и Русија
-

Казината најмалку 500 метри од училишта, забрането нивно рекамирање, од кладилниците се отстрануваат апаратите
-

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето
-

Годишен извештај за работата на РКЕ во 2025 година: За 8,34 отсто зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година
-

Повредата на Дончиќ е посериозна отколку што претходно се мислеше
-

Втор ден од Самитот „Македонија 2025“
-

Француска пациентка со хантавирус e во критична состојба и на апарати за одржување во живот
