Папата Лав се надева дека Трамп бара „излезна рампа“ за војната со Иран

Папата Лео Четиринаесетти вчера изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп бара „излезна рампа“ за војната со Иран.
„Се надевам дека бара излез“, рече папата кога го праша новинар пред неговата резиденција во Кастел Гандолфо во близина на Рим. „Се надевам дека бара начин да се намали количината на насилство, на бомбардирањето“.
70-годишникот е првиот поглавар на Католичката црква од Соединетите Американски Држави.
Папата беше прашан дали, со оглед на војната со Иран, сака да му се обрати на Трамп, па одговори: „Ми кажаа дека претседателот Трамп неодамна изјавил дека би сакал да ја заврши војната“. Потоа изрази надеж за излез од конфликтот.
Крајот на непријателствата би бил „значаен придонес за отстранување на омразата што се создава и постојано се зголемува - на Блискиот Исток и на други места“, рече Лео.
Од почетокот на воената ескалација по нападите на САД и Израел врз Иран, папата постојано се изјаснуваше за прекин на насилството.
Тој, исто така, ја искористи својата проповед на Цветници за време на викендот за итен апел за мир: „Исус е цар на мирот, кој ја отфрла војната, кого никој не може да го користи за да ја оправда војната... Тој не ги слуша молитвите на оние што водат војна, туку ги отфрла“.
МИА
Ново на Сител
-

Православните верници го слават Велигден
-

Сончево и потопло со мала до умерена облачност и умерен ветер
-

Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина
-

Џатевска: Ќе биде тежок натпревар и мора да имаме сериозен пристап
-

Уапсен 44-годишник, во крвта имал 3,18 промили алкохол и нападнал полицаец на службена должност
-

Мицкоски: Без силна акција од Брисел и други членки на ЕУ не може да дојде до промена на ставот на Бугарија
-

Уапсен 19-годишник, во багажник превезувал „пит бул“ повреден од улични борби
-

Три автомобили изгореа на Бит Пазар, нема повредени
