Папата го разреши шефот на Конгрегацијата за католичката доктрина

Папата Франциско го разреши од должноста реководителот на одделот за надзор на католичката доктрина, ултраконзеравативниот германски кардинал Герхард Милер, јави ДПА.
Според истиот извор, папата вчера се сретнал со 69-годишниот Милер, кој беше именуван за префект на Конгрегацијата за доктрина на верата во 2 јули 2012, и го информирал дека неговиот петгодишен мандат истекува денеска.
Веста за разрешувањето на Милер ја објавија неколку италијански весници, меѓу кои и „Стампа“ и „Месаџеро“, но таа засега не е официјално потврдена од Ватикан.
Германкиот кардинал Милер беше еден од најголемите критичари на ланската апостолска порака „Радост од љубовта“ на папата Франциско, со која се дозволува причестување на лица кои се развеле и стапиле во нов брак. Доктрината на Католичката црква забранува развод.
Ново на Сител
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
