Папата Франциско и Обама се заложија за поголема борба против климатските промени

Американскиот претседател Барак Обама и папата Франциско изразија слични ставови во однос на климатските промени, дипломатијата и потребата од борба за заштита на милиони маргинализирани луѓе во светот.
На церемонијата пред Белата куќа, пред повеќе од 15.000 присутни, Обама го поздрави 78-годишниот Франциско, а тој ја прескокна вообичаената пракса и се обрати на англиски јазик.
- Потекнувајќи од имиграциско семејство, јас сум среќен да бидам гостин на држава, што во голем дел е изградена од такви семејства, истакна папата.
Папата Франциско стави акцент на заедничката борба против климатските промени, повикувајќи за енергетска револуција и вртење кон обновливи извори на енергија.
Папата, исто така, побара промена на системот во името на „одржливиот и целокупен развој“, нагласувајќи дека таквата промена бара од нас посериозен и поодговорен начин на земање во предвид на милионите луѓе, што живеат во систем, што ги маргинализира.
- Благодарни сме Ви за повикот кон народите да се спротивстават на сирените на војната и да ги надминат несогласувањата по дипломатски пат, истакна Обама.
Обама во своето обраќање оддаде почит на пораката на надеж, донесена од првиот аргентински папа во историјата, што е извор на инспирација за многу луѓе во светот.
- Сметам дека возбудата околу вашата прва посета се должи не само на фактот дека сте папа, но и на единствените лични квалитети, истакна американскиот претседател.
По церемонијата Обама и папата ќе разговараат во Овалниот кабинет на претседателот, што е втора нивна средба во четири очи по таа во пролета 2014 година во Ватикан.
Папата Франциско е третиот папа што бил во посета на Белата куќа. Џими Картер се сретна со папата Јован Павле Втори во 1979 година, а Џорџ Буш со папата Бенедикт Шестнаесетии во 2008 година.
Ново на Сител
-

Пациентите со дијабетес алармираат за недостиг од терапија и сензори
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Велигденски поскапувања
-

Цените на нафтата повторно растат, Иран обвини дека договорот за примирје не се почитува
-

Израелските напади на Либан го загрозуваат примирјето меѓу САД и Иран
-

Инспекција не стигнала до „Пулс“ пред трагедијата, објектот бил затворен, новата фирма без надзор
-

Токсиколошките анализи се направени и ќе бидат презентирани во судска постапка
-

Одложена јавната расправа во скопска Aпелација по жалбата на осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
