Папата Франциск именуваше 13 нови кардинали

Папата Франциск именуваше 13 нови кардинали, вклучувајќи двајца припадници на католичката црква кои им помагале на мигрантите и неколкумина кои работат во сиромашни земји или во држави каде христијаните се малцинство.
Папата тоа го соопшти ненадејно, од прозорецот над Плоштадот Св. Петар, од каде секоја недела им се обраќа на верниците.
Неколкумина кардинали кои ги избрал папата доаѓаат од земји во развој, како што се Куба, Конго и Гватемала, додека двајца работеле во Мароко и Индонезија, каде живее мнозинство муслиманско население.
Тројца од 13-те новоименувани кардинали се постари од 80 години и не можат да гласаат во конклавата за избор на нов папа.
Од доаѓањето на чело на Римокатоличката црква, папата Франциск најмногу се осврнува на луѓето кои живеат на маргините на општеството, вклучувајќи ги мигрантите. Двајца од кардиналите кои ги избра се занимавале со мигрантите во текот на својата кариера.
Новите кардинали официјално ќе ја преземат својата функција на 5 октомври во Ватикан.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
