Панов: Општина Кавадарци фокусирана на социјалната заштита

Општина Кавадарци во изминатиот период, покрај другото, е фокусирана и на социјалната заштита која е од големо значење за граѓаните, рече кавадаречкиот градоначалник Александар Панов на денешната прес-конференција. Тој појасни дека се спроведени низа проекти со кои директно се влијае врз подобрувањето на условите за живот на лицата кои имаат потреба од социјална помош и заштита.
- Во делот на социјалните трансфери минатите четири години локалната самоуправа има издвоено над пет милиони денари. За еднократна помош во 2013 година се издвоени 1.241.000 денари, следната година 676.000, 2015 година 1.481.000, 2016 1.320.000 и оваа година заклучно со март, над 404.000 денари, соопшти градоначалникот.
Покрај ова, додаде тој, реализирани се и неколку значајни проекти со кои се подобруваат инфраструктурните услови за живот на лицата со посебни потреби, како и за лицата со попреченост.
Панов информираше дека заедно со Министерството за труд и социјална политика отворен е мал групен дом за деца кои во еден дел од својот живот се соочуваат со воспитни и психосоцијални проблеми. Од пред три години, општината секоја година набавува инвалидски колички за потребите на одредена група на граѓани од Кавадарци. Изграден е и лифт во зградата на локалната самоуправа. На неколку пати е реализиран проект за времен ангажман на лица од социјално ранливи семејства, за помагање на стари и изнемоштени лица. Социјални случаеви, исто така, времено се ангажираат во извршување на општокорисна работа.
Ново на Сител
-

Кривична за директор на градинка во Штип, го оштетил буџетот на општината и градинката за над 7,7 милиони денари
-

Сиљановска-Давкова на промоција на иницијативата за обновување и одржлив развој на Галичник
-

СП 2026: Ноер се повлекува од репрезентацијата по Мундијалот
-

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина
-

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор
-

АХВ работи на нова одлука за надоместоците на ветеринарните друштва, тие се жалат дека се во тешка финансиска состојба
-

Секој петти Европеец страда од ментално заболување
-

2.916 парчиња пиротехнички средства пронајдени во локал во Тетово
