Спорт плус
22. August 2015 - 8:53

Пандев избори пласман во квалификациите на 100 метри на СП во Пекинг

Македонскиот атлетичар Ристе Пандев успеа да се квалификува во следната рунда од натпреварите на 100 метри на Светското првенство во атлетика што се одржува во Пекинг. Тој претпладнево во елиминациската рунда го освои третото место во групата 2 и благодарение на пласманот избори место меѓу 12-те спринтери, кои изборија настап во групите. Тој истрча време 10:94 секунди, што е послабо од неговиот рекорд. Победникот од неговата група Ал-Харти од Оман имаше најдобро време во елиминациите – 10.31 секунди.
Попладнево ќе трча во групата 5 од вкупно седум групи, а најдобро време во неговата група има Џими Вико од Франција 9.86 секунди.

Ново на Сител