Пандемијата во Дебар ги сведе на минимум и браковите
Ако масовната миграција го преполови бројот на венчавки, пандемијата со Ковид-19 во Дебар нив ги сведе на минимум.
Како што потврдува Афрдита Шахини, референт за склучување бракови во Дебар, во градот во последните три месеци во матичната книга на венчаните се запишале само три брачни двојки.
– Во март, април и мај имаме само по еден брак, додека заедно со претходните два месеца, значи јануари и февруари судбоносното „да“ кај нас го кажале 22 брачни двојки. Ако оваа бројка ја споредиме со истиот период лани, кога имало 46, тоа е речиси половична бројка, вели Шахини, додавајќи дека ова се податоци само за склучени бракови во градот.
Додава дека доколку продолжи ситуацијата со Ковид-19, бројот на склучените граѓански бракови ќе биде многу помал споредено со другите години.
Во овој град свадбите по традиција почнуваа во мај, кога тука пристигнуваа главно нашинците од САД, каде има над 16 илјади дебрани, а најмасовно домашните веселби се правеа во јули и август, кога во родниот крај престојуваат и оние чија втора татковина е некоја од западно европските земји, каде се околу седум илјади дебрани.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
