-->
-->
Пандемијата и спортот
-->
Ширењето на пандемии и во минатото имало влијание врз спортот но очигледно е дека заканата од корона- вирусот се заканува човештвото да остане без спортски активности на подолг период.
Досега, најсмртоносна пандемија се смета дека е поврзана со шпанскиот грип помеѓу 1918 и 1920 година. Според разни извори, болеста предизвика смрт на 20 до 50 милиони луѓе ширум светот, а има и некои што ја зголемуваат таа бројка на 100 милиони или 27% од тогашното население на Земјата.
Познати се и кризите со Азиски грипи и свински грип со што се потврдува дека сите овие епидемии потекнуваат од Кина.
По овој долг вовед, време е да се погледне на начинот на кој пандемиите во минатото се одразиле на спортот и неговото однесување. Нема смисла да се обрне внимание на болести пред дваесеттиот век. Од сегашните глобални заболувања, највлијателен врз спортот е шпанскиот грип, кој го зафати светот пред еден век. За болеста H1N1 се смета дека започнува во неколку кинески села (забелешка - повторно од Кина!) , Според британскиот медицински журнал од пред неколку години.
Во Европа шпанскиот грип нема многу влијание врз спортот бидејќи шампионатите се прекинати поради првата светска војна но во Америка страдаат бројни спортисти во Филаделфија најмногу од рагби клубот Пен Квакерс. Исто така познато е дека завршницата на првенството во Хокеј на мраз, познатиот Стенли куп не се доигрува откако при резултат 2-2 помеѓу Монтреал и Сиетл во плеј-офот не се одигрува завршниот петти дуел и тоа е единствената сезона кога нема официјалне првак.
Денеска во Европа пред се се одложени веќе речиси сите фудбалски првенства. Кога ќе продолжат и дали ќе се доиграат останува да покаже времето. Најголемите песимисти тврдат дека сите спортски настани ќе продолжат дури наредната година бидејќи пандемијата допрва се очекува да земе замав. Со други зборови јасен е ударот на корона вирусот на спортот како најсилен досега во историјата на човештвото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
