„Панамските документи“ открија слика на Модилјани

Слика на Амедео Модилјани, вредна 25 милиони долари, која нацистите ја одзеле од еврејски сопственици за време на Втората светска војна, запленета е во Женева, благодарение на објавата на „Панамските документи“, објави швајцарскиот печат.
Како што се наведува, откриени се и спорните, сегашни сопственици на сликата.
Весниците „Бунда“ и „Темпса“ наведуваат дека швајцарското државно обвинителство на 8 април издало налог за претрес на добро зачувано депо во женевската бесцаринска зона, каде, меѓу многубројните уметнички дела, е пронајдено и платно „Маж кој седи со стап“, на италиканскиот сликар од еврејско потекло.
Сликата последен пат е изложена во 2005 во њујоршката галерија на семејството Нахмад. Давид Нахмад, по потекло Либанец, е еден од највлијателните трговци со уметнички предмети во светот, пренесе Танјуг.
Пред доаѓањето на нацистите на власт, сликата припаѓала на еврејскиот еврејски трговец со уметнички предмети Оскар Штетинер. Бегајќи пред нацистите во 1939 година, ја оставил во Париз, а една година подоцна нацистите ја понудиле на продажба.
„Зидојче цајтунг“ наведува дека Штетинер во 1946 година по судски пат барал платното да му се врати, но две години подоцна починал, така што случајот е заклучен.
Во 2011, една канадска компанија во име на неговиот внук безуспешно се обидела да дојде до сликата преку американски суд. Тогаш е утврдено дека официјален сопственик на платното е офшор компанијата „International Art Center“, која ја користеле членовите на семејството Нахмад, а „Панамските документи“ тоа го потврдија.
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
