Палестинска управа: Хејли е „амбасадорка на омраза“

Палестинската управа ја нарече американската претставничка во Обединети нации, Ники Хејли „амбасадорка на анимозитет, омраза и мрачна идеологија“ откако САД ја блокираа предлог резолуцијата со која требаше да се осуди Израел.
- Американската амбасадорка инсистира да заземе позиција за поддршка на окупаторот и во одбрана на неговите злосторства и кршења на правото, се посочува во соопштението на палестинското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се посочува дека Хејли зазела „безочен непријателски став“ против Палестинците и се обвинува за „слепа пристрасност во корист на Израел и нивните злосторства“.
САД во саботата ја блокираа резолуцијата предложена од Кувајт, со која се бараше воздржаност и истрага за судирите, што избија во петокот на границата на Појасот Газа со Израел, при што загинаа 17 лица, а над 1.400 беа повредени.
Односите помеѓу Палестинската управа и САД се тензични откако американскиот пртетседател Доналд Трамп на 6 декември минатата година го призна Ерусалим за главен град на Израел. Палестинците планираат седиштето на идната држава да биде во Источен Ерусалим, кој Израел го окупира во војната во 1967 година.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
