-->
-->
Пад на вредноста на акциите на Ербас по проблем со авионски мотори
-->

Вредноста на акциите на европскиот производител на патнички авиони Ербас се намали денеска откако компанијата беше принудена да го запре тестирањето на новиот модел А320нео поради проблем со моторите.
Акциите на компанијата забележаа пад за 1,1 процент веднаш по објавувањето на веста дека има одредени проблеми со моторите, произведени од компанијата Прат и Витни. Ербас информираше дека е во разговор со авио-компаниите кои го порачале новиот авион за да се утврди кога леталата ќе може да бидат испорачани.
А320нео е изработен токму со цел да се употребат новите авионски мотори Прат и Витни ПВ1000Г, дизајнирани да бидат поекономични и потивки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
