Пад на индустриското производство во јануари
Индустриското производство во јануари годинава во однос на истиот месец лани бележи пад од 2.3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи пораст од 2.4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 5.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 23.0 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 15.1 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 9.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.2 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15.1 % и Капитални производи за 2.6 %.
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
