Овозможен увоз на вакцини против Ковид-19 во земјава

Услови за увоз на вакцини за Ковид-19 во земјава се овозможуваат со дополнетиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, што вчера беше усвоен со консензус во Собранието.

Во Законот, поддржан и од опозициските пратеници, се прецизира дека за ставање вакцина за SАRS COV 2 во промет, покрај претходно предвидените правни лица, барањето може да го поднесе и производител на лекови со регистрирано седиште надвор од територијата на државава, правен застапник на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на државава, подружница на странски производител со регистрирано седиште надвор од земјава и трговско претставништво на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на земјава.
Премиерот Зоран Заев во интервју за печатеното издание на „Капитал“ вели дека обезбедуваат вакцини на сите можни начини и од сите можни извори кои светот ги користи и кои несомнено покажуваат резултати и се докажано безбедни.
– Очекуваме во текот на февруари во земјава да пристигнат вакцини од повеќе производители достапни за граѓаните, а првите верувам ќе бидат вакцината на „Фајзер“ и вакцината на „Синофарм“. Ние сме целосно подготвени за првите количини од аспект на нивното складирање во соодветни услови, од аспект на правно-процедурални постапки и се разбира од аспект на организациски план за вакцинирање. Затоа ја направивме и измената на Законот за лекови од причина што глобална политика на производителот на вакцини „Фајзер“ со кој имаме договор, бара да аплицира како меѓународно претставништво, а не преку фирма регистрирана во нашата држава, вели Заев.

Според него, дополнителни позитивни промени најавува и одлуката на „Фајзер“ да се врати на првичниот распоред на испораки на вакцините во Европската Унија со обврска зголемените испораки да започнат на 15 февруари за да се исполни договорот за испорачување на договорените количини.
Утврдениот Национален план за имунизација на населението предвидува вакцинацијата против КОВИД-19 да биде спроведена во три фази. За спроведување на вакцинацијата ќе се користи постоечката здравствена инфраструктира и кадарот кој досега ја спроведува вакцинацијата. Во прв ред, тоа се превентивните служби за имунизација во рамки на Здравствените домови во кои се врши задолжителната имунизација и епидемиолошките служби во центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици, во кои се врши имунизација по епидемиолошки и клинички индикации.
Според последните податоци на Министерството за здравство, бројот на активни ковид случаи во државава изнесува 7.766, од кои 4.014 се во Скопје. Во вчерашната ковид статистика за претходното деноноќие во државава беа регистрирани 61 нов случај со Ковид-19 од направени 675 тестирања. Починати се уште 11 лица, а регистрирани се 440 оздравени пациенти.
Како што соопштија вчера од МЗ, на инфективните оддели во земјава се хоспитализирани 595 пациенти со Ковид-19 од кои 252 во Скопје.
Вкупниот број на ковид-дијагностицирани лица во држвава од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, на оздравени пациенти е 82.121, а на починати е 2.866.
Ново на Сител
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
