-->
-->
Ова се преживеаните во несреќата во Колумбија
-->

Авионот кој се урна во централниот дел на Колумбија можно е да останал без гориво пред падот. Има претпоставки дека пилотот Мигел Алехандро Квитрога Мукарами намерно кружел во обид да го согори или испушти горивото и така да избегне експлозија - пренесува Дејли меил.
Според истражителите, сомнително е што авионот не експлодирал туку паднал на летот од Боливија кон Колумбија.
Но, некои од преживеаните патници изјавиле дека се убедени дека авионот останал без гориво неколку минути пред да треба да слета на аеродромот во Колумбија.
Бразилските колумбиски власти денеска покренаа истрага за авионот кој се урна во централна Колумбија, а пронајдените црни кутии би можеле да дадат одговор дали несреќата се случила поради технички проблеми или во леталото снемало гориво.
На бризалските и колумбиските експерти во испитувањето на содржината на црната кутија ќе им помогнат и британски колеги - пренесе Ројтерс.
Во падот на авионот во кој беа младите фудбалери на бразилскиот тим „Шапокоенесе“ загинаа 71 лице, а преживеаја само шестмина - Ервин Тумири, член на екипажот ( во центарот на фотогрфаијата) изјавил дека преживеал бидејќи ги следел процедурите за безбедност и кога проценил дека авионот ќе падне, се свиткал во позиција на фетус. Преживеа и стјуардесата Химена Суарез, фудбалерот Алан Рушел (27), кој кога го пронашле, прашал каде му се семејството и пријателите.Тој преживеа, како и Хелио Нето (31) и голманот Џексон Фолман (24). Десната нога на Фолман е ампутирана - изјави портпаролот на фудбалскиот клуб Гелсон Дала Коста.Преживеа и новинарот Рафаел Валморбида. Преживеаните, според болнички извори, се во „деликатна но стабилна состојба“
Дејли Мејл пишува дека и таткото на пилотот, кој исто така бил пилот, загинал во авионска несреќа кога неговиот син имал само една година...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
-

Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
-

Мицкоски: Стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
