Ова го може само Билјана: Самохрана мајка цепи дрва и копа канали за да ги прехрани своите 10 деца!

Билјана Кокиќ (32) од Брод е самохрана мајка на 10 деца и секој ден треба да обезбеди најмалку 33 оброци.
Пет деца одат на училиште, па за нив е потребен школски прибор и хигиенски средства до кои се потешко се доаѓа. Сега се подстанари, но не плаќаат кирија.
- Сепак има надеж за ова семејство да има свој кров над главата - велат од општината.
Во семејството Кокиќ најстарата ќерка има 13 години и заедно со нејзината мајка таа го носи најголемиот товар.
- Се грижи за нив, ги носи на училиште, помага околу домашните задачи и покрај се тоа е одлична ученичка - вели Надежда Ристановиќ, психолог во основното училиште "Свети Сава" од Брод. На семејството Кокиќ помагаат и професорите од училиштето. Започнале акција за петте основци и обезбеден им е по еден обрек дневно во училиштето.
Сепак сонуваат за свој кров на главата.
Најтешко е да се дојде до пари, бидејќи кога и да работиш некоја чесна работи обично ја работиш за минималец. Затоа работам се, од цепење на дрва до копање на канали - раскажува оваа самохрана мајка.
- Сакам само моите деца да имаат свој дом - вели Билјана. Семејството добива 250 км месечно детска заштита поради двете деца со пречки во развој.
Од општината и Министерство за бегалци и иселеници договориле на ова семејство да му се изгради стан од 80 квадратни метри.
- Во склоп на стамбена зграда, една стамбена единица со најголема површина ќе припадне на семејството Кокиќ - вели Гордана Брковиќ Вујиќ, директорка на Центарот за социјална работа.
Изградбата на дом за семејстовто Кокиќ би требало да започне следната година.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
