Ова е најлошата година за човекот во историјата!
Ако погледнете подлабоко во историјата, ќе забележите дека постојат неколку години кои биле многу тешки за луѓето.
Таква била и 1347 година, кога Црната смрт косела во Европа и однела 100 милиони човечки животи. Ништо подобро не било ниту за време на Втората Светска војна, кога се случил холокаустот, а ни во 1918 кога започнала пандемијата на грип убивајќи до 100 милиони луѓе.
Меѓутоа, научниците се согласуваат дека најлоша од сите била 536-тата година.
-Тоа беше почетокот на еден од најлошите периоди, ако не и најлоша година во животот на човекот, изјавил археологот и средновековен историчар од Харвард, Мајкл Мекормик.
Оваа година била десетата годишнина од владеење на царот Јустинијан, а ништо не се случило кај луѓето во однос на болести или геноциди.
Но, на небото се случило нешто чудно: се појавила мистериозна, прашлива магла која го затемнила Сонцето, предизвикувајќи пад на температурите и една година целосен хаос: суши, неуспешни посеви, снег во лето во Кина и ширење на градот.
Византиски историчар забележал дека Сонцето давало светлина без полн сјај и дека изгледало како да е затемнето, бидејќи не давало јасна светлина. За време на целата година Сонцето изгледало како Месечина.
Се донел заклучок дека таквите појави се поради прашината или пепелта во воздухот по удар на комета или метеор.
Слична ваква појава била регистрирана во 1816 година која е наречена Година без лето, а поврзана е со ерупција на вулканот Тамбора во Индонезија.
Ново на Сител
-

Голем успех за Филип Шулевски – ново најдобро македонско време на Ironman
-

Мицкоски: Без намалувањето на акцизата дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари, го штитиме стандардот на граѓаните
-

Гаши: Убеден сум дека нема да има предвремени избори
-

Мицкоски: Се надевам дека случајот со заканите кон мене упатени на социјалните мрежи ќе биде решен во рамките на системот
-

Нови правила за боледување: Од седум на пет дена кај матичен лекар, контролор ќе проверува дали сте дома
-

Николоски: Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации
-

Притворот на Дејан Јованов истекува на 3 октомври, одбраната најави гаранција во имот за определување мерки на претпазливост
-

Бензините над 100 денари за литар: Нови цени на горивата од полноќ
