Отворена туристичката сезона Скопје 2018

Град Скопје и ЈСП Турс денеска ја отворија новата туристичка сезона Скопје 2018. Промовирана беше новата рута на „Сити тур бас“ (CITY TOUR BUS) со цел да ги презентира сите културни и туристички знаменитости на Скопје.
- За жал во последните осум години туристичката понуда на Град Скопје беше вулгаризирана со нагласена промоција на криминалниот проект „Скопје 2014“ поради што во сенка паднаа вистинските туристички вредности и придобивки кои ги има нашиот град. Го враќаме сјајот на Скопје истовремено збогатувајќи ја туристичката понуда на градот со модерни содржини кои реално ќе привлечат нови туристи, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Додаде дека крајна цел е туристите да се чувствуваат пријатно и да понесат пријатни искуства.
Придобивките на новата туристичка сезона за оваа година опфаќаат и промоција на парк шумата Водно, Матка, жичницата на Водно, Виз Ер Скопскиот маратон кој ќе се одржи 6-ти мај, трката на Водно „Прв до Врв“ која ќе се одржи на 20-ти мај, Скопското лето и други настани.
Директорката на ЈСП Турс Соња Митриновска Боева изјави дека новата тура ќе се одвива од плоштадот „Македонија“, порта „Македонија“, Кале, хотел „Континентал“, а посетителите ќе можат да ги погледнат градбите од османлискиот период и архитектурата на Кензо Танге. Турата трае околу два часа, а цената на возењето чини 150 денари.
Ново на Сител
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
