Отворена градинка во селото Ваташа

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов денеска отворија градинка во селото Ваташа.
Градинката е сместена во стариот објект на Домот на културата во Ваташа, а просторот е преадаптиран според сите стандарди што треба да ги исполи една ваква установа. За преадаптација на објектот се инвестирани 3,2 милиони денари, од кои два милиони денари од буџетот на Општина Кавадарци, а 1,2 милион преку Министерството за труд и социјална политика.
Во градинката ќе бидат згрижени околу 50-ина деца од една до шест години.
Градоначалникот Панов истакна дека со оваа градинка делумно се решава проблемот со недостигот на места во градинките и изрази надеж дека во блиска иднина ќе се обезбедат дополнителни средства за изградба на нова детска градинка.
- Со вицепремиерот Ставрески разговаравме за темата која ни е врвен приоритет. Во моментов и во следниот период, се надевам до Нова година, ќе успееме да дојдеме до дополнителни средства од 20 милиони денари за изградба на нова детска градинка за којшто веќе имаме проект и одредена локација. Со тоа конечно ќе го затвориме проблемот со недостиг на места во градинка и понатаму да размислуваме за проширување на постоечките капацитети, рече Панов, по пуштањето на детската градника.
Објектот располага со 162 метри квадратни корисна површна и 96 метри квадратни дворно место.
Ново на Сител
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
-

Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус
-

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје
-

Лишени од слобода три лица во Гостивар, пронајдена марихуана
-

Невреме и во Чешиново-Облешево, надлежните служби на терен ги санираат штетите
