Откриени фосили од диносаурус во Хонг Конг

Властите во Хонг Конг соопштија дека откриле фосили од диносауруси на зафлен и ненаселен остров кај градот. Ова е прво такво откритие во овој град во Кина.
Наодите се откриени на островот Порт во Глобалниот геопарк на УНЕСКО во североисточните водни делови на градот. Фосилите најверојатно биле дел од голем диносаурус од периодот Креда, т.е. пред околу 145 до 66 милиони години. Ќе се спроведат дополнителни истражувања за да го потврдат типот на диносаурус. Островот Порт е затворен за јавноста до дополнително известување за да се олеснат идните истражувања и ископувања, се вели во официјалното соопштение.
-Откритието е од големо значење и дава нови докази за палеоеколошките истражувања во Хонг Конг, рече секретарот за развој на градот, Бернадет Лин Хон-хо.
Фосилите ќе бидат изложени денеска во еден од трговските области во Хонг Конг.
Професорот Мајкл Питман, палеонтолог од Кинескиот универзитет во Хонг Конг, рече дека „откритието е возбудлив лучај“ за градот, кој долго време беше домаќин на опсежни истражувања за диносаурусите, но се согласува дека наодите допрва треба да е потврдат.
-Хонг Конг е познат по обликуваниот пејзаж, но половина од сѐ тоа е „селски парк“. Во руралните области, повеќето од она што го гледате се карпи од ерата на диносаурусите, но тие се вулкански карпи – и тоа се лоши места за наоѓање фосили бидејќи фосилите едноставно „се топат“. Но, островот Порт е еден од островите каде што има карпи од ерата на диносаурусите од соодветниот вид и – вистинска средина, појасни проф. Питман.
Кина е една од четирите земји кои водат истражувања за диносауруси – заедно со САД, Канада и Аргентина. Во таа смисла, досега десетици илјади јајца од диносаурус се пронајдени во областа Гуангдонг, каде што се наоѓа Хонг Конг.
-Се надевам дека, гледајќи ги овие фосили, ќе видиме разлики со оние од некои од познатите наоѓалишта во Кина, како Сечуан и Јунан. Тоа може да раскаже навистина занимлива приказна за биогеографијата на животните, рече Питман.
Владата вели дека ангажирала научници и од континентална Кина за да спроведат истрага на тој терен. Властите, исто така, планираат да се отвори привремена работилница за јавноста за набљудување на стручната подготовка на фосилни примероци до крајот на 2024 година.
Ново на Сител
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Монструозно врсничко насилство: Ја гореле со цигара, па ја терале да јаде кучешки измет и снимале
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
-

Забраната за двојните државјанства заглави во комисиите
-

Муцунски уверува дека Македонија е се поблиску до ЕУ, од Брисел пораки дека земјава нема никаков напредок
