-->
-->
Откриен череп на предок на Неандерталецот
-->

Португалски научници открија череп стар 400.000 години, што највертојатно е од хуманоид посличен на Неандерталецот, отколку на Хомо Сапиенсот и кој ќе помогне да се открие како луѓето во Европа еволуирале во Плеистоценот.
Од тимот не можат со сигурност да кажат дали черепот му припаѓа на досега непознат вид, но велат дека се работи за предок на Неандерталецот.
Човекот, кој по својата пештера го доби називот „Ароеира", се смета за најстариот фосил на хуманоид пронајден во Португалија. Во пештерата се пронајдени и секири од камен, какви што постоеле на Блискиот Исток пред 500.000 години.
Иако наликува на оној на Неандерталецот, новоткриениот череп е постар за најмалку 200.000 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
