Откажани денешните летови кон Италија од аеродромот во Тирана
Поради генераленот штрајк на давателите на услуги за воздушен транспорт во Италија, денеска откажани се четири лета од меѓународниот аеродром во Тирана кон Италија, објави Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ).
Откажани се летовите на „Ер Албанија“: Тирана 14:45-Писа 16:20 и Писа 17:20-Тирана 18:55 часот.
Исто така се одложени и летовите на „Алиталија“: Рим 17:00 -Тирана 18:25 и Тирана 11:25 – Рим 12:50часот.
-Ве повикуваме да комуницирате со соодветните компании на споменатите летови, стои во соопштението на Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Аеродромот во Тирана, посебно во летниот период го користат многу македонски иселеници, кои живеат и работат во Италија, а доаѓаат одморот да го минат во родните места.
Исто така, оние кои одлучиле да допатуваат со автомобили го користат поморскиот превоз, најчесто траектите кои сообраќаат на релација Бриндизи-Драч
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
