Откажан изборот на нов претседател на каталонската Влада

Претседателот на Парламентот на шпанскиот автономен регион Каталонија, Рожер Торент го откажа за денеска предвиденото гласање за избор на претседател на каталонската регионална Влада, откако беше приведен единствениот кандидат за функцијата, Жорди Турул.
Турул и уште четворица други каталонски сепаратистички лидери вчера беа приведени од страна на шпанската полиција по налог на Врховниот суд на Шпанија.
Во налогот на Судот се нагласува дека тие треба да бидат задржани во притвор се додека трае истрага против нив за обид за отцепување на Каталонија од Шпанија.
Денешниот требаше да биде втор обид за избор на Турул, откако по првото гласање во четвртокот, тој не доби доволно гласови за да биде избран на функцијата.
Турул е трет кандидат на сепартиситите за претседател на каталонската Влада, откако пропаднаа нивните обиди за избор на Карлес Пуџдемон и Жорди Санчез на оваа функција.
Санчез, исто како и Турул е во притвор, додека Пуцдемон се наоѓа во Белгија и му се заканува апсење доколку се врати во Шпанија.
По вчерашното приведување на петмината каталонски регионални политичари, кои заедно со уште 20 нивни колеги се обвинети за бунт, злоупотреби на функциите и непочитување на институциите на шпанската држава, Врховниот суд на Шпанија синоќа издаде меѓународни и европски налози за апсење на шестмина каталонски лидери, меѓу кои и за поранешниот претседател на Владата на Каталонија, Пуџдемон.
По приведувањето на сепаратиситчките лидери и издавањето на новите налози за апсење, синоќа во Браселна се одржаа протести при кои се повредени 24 лица.
Според полицијата во Барселона, на протестот учествувале околу 10.000 лица.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
-

Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило
-

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели
-

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби
-

Германија планира да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот
-

Техеран и САД имаат различни мислења за укинување на санкциите, тврди ирански официјален претставник
-

САД за прв пат транспортираа нуклеарен микрореактор од Калифорнија до Јута
-

Две угинати ретки птици мршојадци пронајдени во Кавадаречко, дадени на обдукција
