Македонија
30. October 2018 - 10:49

Осум лица повредени во серија сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, четири со телесни повреди и три со материјална штета.

При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и шест со лесни телесни повреди.

Потоа 21 возач биле санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената.

Исто така исклучени од сообраќај се и 27 возачи бидејќи 20 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, четворица биле возачи почетници и тројца го управувале возилото под дејство на алкохол.

Девет возила се исклучени од сообраќај бидејќи осум биле нерегистрирани и едно технички неисправно.

Санкционирани се четворица возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци и еден неправилно се престроил. Во текот на изминатиот ден издадени се 87 мандатни платни налози, додека исто така 66 возила се подигнати со „Пајак“.