Основци од Скопје беа кај претседателот Пендаровски

Ученици од скопските основни училишта „Коле Неделковски“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ денеска беа примени и имаа можност да разговараат со претседателот на државата Стево Пендаровски во Вила Водно, во рамки на активноста Отворен Кабинет.
– Учениците имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Стево Пендаровски, да се информираат за неговата работа и надлежности, а ги посетија и просториите во коишто се реализираат официјалните средби, како салите во коишто се организираат свечености, настани и прес-конференции. Посетителите се запознаа и со дел од вработените во Кабинетот од кои беа информирани за историјатот на објектот во кој е сместен Кабинетот на Претседателот, како и за начинот на функционирање на оваа институција, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Учениците имаа можност да поразговараат и со полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот Пендаровски, која ги информираше за нејзините обврски и активности како висок воен претставник во неговиот Кабинет, како и со припадници од воздухопловниот ВИНГ на Армијата на Република Северна Македонија, кои ги запознаа со функцијата, целите и задачите на нивната единица.

Отворен Кабинет е активност што овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет-страница на Претседателот http://pretsedatel.mk/otvoren-kabinet/ имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер што ќе бидат реализирани во Кабинетот.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
