Осми „Скопје постер фестивал“ од 30 ноември

Во Младинскиот културен центар на 30 ноември ќе биде отворена изложба на постери од 8. Меѓународен студентски конкурс на тема „Сите за луѓето со хендикеп“ (Enabled for Disabled). Изложбата ќе може да се посети до 5 декември.
Ќе бидат претставени и дела на победниците од минатогодишниот, седми конкурс (Дизајн за мир), како и детски цртежи од септемвриската работилница под менторство на младиот дизајнер од Полска Јан Бајтлик.
Во рамки на осмиот „Скопје постер фестивал“, од 30 ноември до 5 декември во Скопје ќе гостуваат познати графички дизајнери од повеќе земји. На 1 декември предавања ќе одржат членовите на меѓународното жири, кои ќе опфатат теми како: проекти од културен карактер, социјален плакат, но и комерцијални проекти кои се дел од нивните портфолија, презентација како се развиваат дизајн проекти од идеја до реализација и презентација на тема „Руски дизајн“.
Нова содржина на „Скопје постер фестивал“ ќе биде изложба на најзначајните и меѓународно признати дела на членовите на жирито. За времетраењето на фестивалот ќе биде претставен избор на дела од Грамлиш, Џуровски, Поч, Банков и Трокслер.
Ново на Сител
-

Мицкоски: И понатаму ќе продолжиме да бидеме држава со најниска цена на бензините и на дизел горивото
-

Мицкоски: Македонија не е меѓу земјите со дополнителни американски царини, но тоа не значи дека тргува без царини
-

Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит
-

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година
-

Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер се очекува утре
-

Арсенал размислува за трансфер на Винисиус од Реал
-

Трет дрон соборен во романскиот воздушен простор, Букурешт ќе поднесе дипломатски протест до Москва
-

Ѓорѓиевски: Најголемата почит кон жртвите од земјотресот во 1963 е да создадеме град достоен за нивниот спомен
