Османи: ОБСЕ ќе поддржи иновативни иницијативи и проекти за справување со климатските ризици

Климатските промени и последиците од нив се фактори што влијаат на зголемување на несигурноста и во крајна линија директно се поврзани со безбедноста во поширокиот регион на ОБСЕ. Затоа е потребно да дадеме политичка поддршка на заложбите на ОБСЕ за нивно ублажување.
Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи во воведното обраќање на првата ОБСЕ Конференција за климатски промени што денеска се одржува во Виена, соопшти МНР.
-Климатските промени не само што создаваат видлива штета врз животната средина, туку нивното сè повеќе видливо влијание се заканува и на стабилноста на нашите општества преку менување на севкупните услови за живот. Војните и конфликтите, руската воена агресија против Украина, дополнително ги влошуваат веќе сложените еколошки околности, рече Османи на отворањето на Конференцијата.
Османи истакна дека потврда дека и во овие тешки времиња ОБСЕ посветено работи на ублажување на негативните ефекти од климатските промени е и назначувањето на Специјален претставник за климатски промени во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ.
-Ваквиот нов пристап ќе обезбеди политичка поддршка на заложбите на ОБСЕ за ублажување на климатските промени и нивните последици. Уверен сум дека заедно можеме да успееме во вклучувањето на климатските активности во нашата секојдневна работа преку поттикнување на декарбонизација на нашите економии и градење поотпорни и климатски приспособливи општества, рече Османи.
Претседавачот потенцираше дека политичките определби мора да бидат поддржани со конкретна акција во сите димензии на ОБСЕ и од страна на сите земји-учеснички. Токму затоа Конференцијата е одлично место за споделување иновативни идеи и најдобри практики.
-Покрај тоа, ОБСЕ ќе ги стави на располагање своите капацитети за помош на земјите-учеснички за спроведување на иницијативи и проекти, како и за спречување на поврзаните ризици по безбедноста и животната средина, рече Османи.
Во рамки на Конференцијата, Османи ќе учествува и на панелот „Премостување на националната и глобална акција –Регионална соработка за справување со климатските промени“.
Ново на Сител
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
