-->
-->
Османи на состанок на Берлинскиот процес
-->
Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе учествува на министерскиот состанок за надворешни работи во рамките на германското претседателство со Берлинскиот процес во 2021 година. Состанокот ќе се одржи во видео формат, а со него ќе претседава германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас.Покрај министерот Османи, како што соопшти МНР, на состанокот ќе учествуваат министрите, учесници во процесот од земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора и земји членки на ЕУ, Aвстрија, Бугарија, Грција, Италија, Полска, Словенија, Франција, Хрватска, како и Обединетото Кралство.
Донесените заклучоци од состанокот би требало да влезат во завршната Декларација на завршниот Самит на шефови на држави и влади, кој е планирано да се одржи на 5 јули оваа година.
Берлинскиот процес е инициран во 2014 година под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел, како политичкa платформа за водење на политички дијалог на високо ниво помеѓу високите претставници на шесте земји од Западен Балкан и нивните колеги од земјите членки на ЕУ домаќини на Берлинскиот процес, како и за продлабочување на регионалната политичка и социо-економска соработка. Процесот е насочен кон постигнување забрзан реформски напредок и економски развој во комплементарност со ЕУ пристапниот и интегративен процес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Двајца браќа пензионери измамени од тетовец за 15.000 евра
-

Никој не ги покани во Србија, не сакам да ги видам - Вучиќ за посетата на делегација на ЕП
-

МНРиНТ: Македонските граѓани, кои се во Иран, да ја напуштат земјата и да се одложат сите патувања кои не се неопходни
-

Обвинителство поведе постапка против лице осомничено дека со камен го скршило стаклото на вратата на бугарската амбасада
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ се одлага за 26 јануари по барање на новоизбраната членка на Судскиот совет, која е бранител на еден од обвинетите
-

Грчките земјоделци го затворија на четири часа граничниот премин Евзони за сите возила
-

Германија со поддршка за Данска во спорот со Трамп околу Гренланд
-

НП Шар Планина го засилува мониторингот на балканскиот рис
