-->
-->
Османи на министерски состанок на Берлинскиот процес
-->
– Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, чиј домаќин годинава е министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок.
Берлинскиот процес како процес комплементарен на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан има за цел изградба на рамка за унапредување на односите меѓу земјите од Западен Балкан во насока на достигнување на економски раст и развој, отворена пазарна економија и забрзување на реформскиот напредок во интерес на поскора интеграција кон ЕУ, соопшти МНР.
На маргините на состанокот во Берлин министерот Бујар Османи ќе има билатерални средби со свои хомолози од регионот и пошироко.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
-

Седмоодделенец од Битола упатувал закани по живот на соучениците
-

Демографската слика во Македонија загрижувачка – Владата со 20 годишна стратегија за иднината на државата
-

Преглед на вестите од светот
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Македонија домаќин на Регионална конференција за справување со демографските промени
-

Муцунски: Услови за уставни измени нема
-

Берсе од Скопје: Наскоро решение за пресудите на ЕСЧП против Бугарија
