Оскар: Најдобар филм во 2017 година е „Обликот на водата“

Филмот „Обликот на водата“, во режија на мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо е награден со Оскар за најдобар филм, на церемонијата што ноќеска се одржа во Долби театарот во Лос Анџелес. Дел Торо го доби признанието и за најдобар режисер. „Обликот на водата“ беше номиниран во 13 категории, а награди доби само за четоири.
- За овој момент мечтаев како момче во Mексико. Оскарот го посветувам на сите млади режисери во целиот свет кои имаат намера да снимаат филмови, онакви какви што сакаат, изјави мексиканскиот режисер и додаде дека како многу други, е емигрант во Америка.
Тој нагласи дека САД е негов дом во „секоја смисла на зборот“.
Оскар за најдобра машка улога доби Гери Олдман за улогата во филмот „Најмрачниот час“, во кој маестрално го оживеа Винстон Черчил.
- Би сакал да се збалагодарам на мојата мајка која има 99 години и која е постара од Оскарот. Мамо, стави вода за чај, доаѓам, ќе донесам Оскар, изјави Олдман и му се заблагодари на Винстон Черчил, кој му „правел друштво“ додека ја креирал улогата.
Френсис Мекдермонд доби Оскар за главна женска улога во филмот „Три билборди пред Ебинг, Мисури“. Таа ги повика сите жени во салата да станат...- Не има многу во филмската индустрија во Америка. Важно е да разговараме меѓусебно, бидејќи имаме сешто да пружиме на таа индустрија, истакна Мекдермонд.
Оскар за филм вон англиско говорно подрачје доби Чиле, во остварувањето на Себастијан Лејл, Фантастична жена. Во тој филм главната улога ја игра трансродна личност.
Едно од најголемиоте изненадувања на доделувањето на Оскарите се случи во категоријата документарен филм. Оскар доби Икарус во кој се зборува за наводното допингување спортисти во Русија. Кошаркарската ѕвезда Коби Брајант беше награден за краткиот анимиран филм „Dear basketball“.
Ново на Сител
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
-

СДСМ бара одговорност за водата во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Филипче со години молчеше за небезбедна вода
-

Нови обвинувања за францускиот предлог
-

Готов е извештајот за 19-годишната родилка која остана неподвижна по царски рез
