Општина Аеродром: Детската улица „Тоше Проески“ останува непроменета
![]()
Општина Аеродром денеска како невистинити ги оквалификува информациите што се појавиле деновиве на дел од социјалните мрежи за наводно вцртување згради во зеленилото во деталниот урбанистички план за Ново Лисиче, и оти ќе има промени на детската улица „Тоше Проески“.
-Најостро го осудуваме обидот да се дискредитира локалната власт и апелираме до граѓаните да не наседнуваат на лажните вести и некои петиции што неосновано се покренуваат. Во планот за Ново Лисиче ЈИ02 што е посочен во лажните вести е вцртано Д1, односно парковско зеленило и не постојат ниту се предвидени згради на таа локација. Очигледно, станува збор за ширење дезинформации што може да ги доведат граѓаните во заблуда, се вели во соопштението од Општина Аеродром.
Општина Аеродром, се додава во соопштението, работи транспарентно и новите детални урбанистички планови ги изработува според највисоки стандарди и во консултација со граѓаните.
-Затоа, им посочуваме граѓаните и самите изворно да ги проверат информациите за деталните урбанистички планови на официјалната општинска интернет-страница, каде што јасно може да се види дека детската улица „Тоше Проески“ останува непроменета. Имено, на општинската интернет-страница www.aerodrom.gov.mk треба да се кликне на банерот за ГИС (Географски информациски систем на Општина Аеродром за граѓани). Кога ќе се отвори ГИС-от, треба да се кликне на третото копче лоцирано на горниот лев агол. Потоа се штиклираат полињата „ДУП“ и „Синтезен“ при што се отвора детален преглед на сите ДУП-ови за целата територија на Општина Аеродром, информираат од Општината.
Ново на Сител
-

Притворот на Дејан Јованов истекува на 3 октомври, одбраната најави гаранција во имот за определување мерки на претпазливост
-

Бензините над 100 денари за литар: Нови цени на горивата од полноќ
-

Апликација го претвораше iPhone во чаша пиво и му носеше 20.000 долари дневно – по 90 милиони преземања, креаторот замина на фарма
-

Кралот Чарлс ги собира лидерите на ВИ компаниите поради растечката загриженост за безбедноста
-

Поради отсуство на сведоци, одложено судењето против 13 полициски службеници поврзани со „Пулс“
-

Маж утрово се фрлил во Вардар, пренесен во болница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството на СДСМ и ДУИ ги штити криминалците
-

Дизелот во САД достигна нова рекордна цена
