Опрема и возила од УНДП за управување со отпадот во Куманово и Гевгелија

Возила и опрема за управување со отпад донира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за општините Гевгелија и Куманово како одговор на приоритетните развојни потреби на двете општини кои што беа најмногу засегнати од напливот на бегалци и мигранти.
Донациите се дел од нов проект вреден 2,2 милиони долари, финансиран од Владата на Јапонија.
Постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон донираше нов трактор со приколка и валјак во вредност од 40.000 долари на јавното комунално претпријатие во Гевгелија, се наведува во соопштението на УНДП.
- Двете главни згрижувачки општини покажаа голема великодушност и флексибилност во приемот на голем прилив на луѓе и во обезбедувањето јавни комунални услуги во двата прифатни центри. Ова е наш начин да им вратиме нешто на заедниците бидејќи тие веќе дале многу. Ова е само почеток. Благодарение на Владата на Јапонија, сега ќе бидеме во можност да решиме некои долгорочни развојни предизвици што бегалската криза ги изнесе на виделина. Овие инвестиции ќе ги подобрат условите за живот на повеќе од 200.000 локални жители, изјави Винтон.
Веќе се направени експертски проценки, врз основа на кои УНДП сега ќе може да ги искористи средствата од владата на Јапонија за подобрување на управувањето со отпадот и водоснабдувањето во Гевгелија. Во Куманово, УНДП ќе се фокусира на најзасегнатиот дел Табановце, каде што ќе се поправат локални патишта и ќе се инвестира во реконструкција на основното училиште.
Ново на Сител
-

Приведен 67-годишник од Штип, пробал со сила да бакне 16-годишна девојка
-

Медведев: Веќе нема да важат никакви правила во војната против нацистичкиот режим во Киев
-

Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада
-

Мицкоски најави намалување на цената на горивата од понеделник
-

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

Десет лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово - Свети Николе
-

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, уапсени три лица
-

Лукашенко за заканите од Зеленски: Можеби нешто пушел или си вбризгал па дава такви изјави
