Опожарени бараки во кумановското село Романовце
Приватни објекти, бараки за половни делови за возила, во кумановското село Романовце изгореле во пожар вчера, соопштија денеска територијалната противпожарна единица Куманово, регионалниот центар за управување со кризи Куманово и полицијата. Седуммина пожарникари и три противпожарни возила го гаселе пожарот кој избувнал во 22: 40 часот до 01:10 часот по полноќ.
- ТППЕ Куманово интервенирале во село Романовце во приватен објект за поволни делови на возила. Во пожарот се опожарени бараки, интервенирано е од 22:40 до 01:10 часот со три противпожарни возила и седум пожарникари. Причина за пожарот како и материјалната штета дополнително ќе се утврдува, соопштија денеска од РЦУК Куманово.
СВР Куманово информираше дека пожарот бил пријавен кај нив во 22:23 часот.
-Во СВР Куманово било пријавено дека кај излезот за село Романовце, кумановско, на автопат Скопје – Куманово, настанал пожар во три бараки, сопственост на Д.М. од село Миладиновци, скопско. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот, соопшти полцијата.
Кумановските пожарникари регистрираат и две интервенции на запалена сува трева на улицата „Тоде Мендол“, два пати на истата локација. Првата била од 16 до 17:20 часот, втората еден час подоцна, а била изгасната во 19: 40 часот.
Ново на Сител
-

Ангелов: Природата е најголемиот контролор на изграденото од човекот
-

Откриен споменик на Махатма Ганди во Скопје, траен симбол на вредностите што ги обединуваат двата народа
-

По невремето во Скопје во Ургентниот центар примени 11 пациенти
-

Мамдани: Нетанјаху е воен злосторник и треба да биде уапсен
-

МВР: Во невремето во Скопје оштетени 117 возила, 35 покриви, 7 семафори, „Вила Водно“
-

„Опен-АИ“: ВИ самостојно хакирала друга компанија
-

Царинска управа: Непријавен накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари откриен на Меѓународен аеродром Скопје
-

ЦУК: Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје
