Опожарена трафостаница предизвика прекин во снабдувањето со струја во Гостивар

Опожарувањето на трафостаница во близината на објектот во кој е сместена противпожарната единица е причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија во Гостивар.
По лоцирањето на дефектот, обезбедено е редовно снабдување на градот, освен во реонот на опожарената трафостаница од која се дистрибуира струја до потрошувачите, информираат од ЕВН Македонија.
- По пријавувањето на дефектот околу 3 часот утрово, дежурни екипи излегле на теренот и го лоцирале дефектот, по што состојбата е нормализирана за поголемиот дел на градското подрачје. По завршувањето на увидот ќе се знае која е причината за пожарот и експлозијата која настанала во внатрешноста на трафостаницата „противпожарен дом“. Од овој дефект дошло до испад на 110 киловолтната станица „Гостивар 1“, преку која се снабдува гостиварскиот регион. Напојувањето, по дваесетина минути, преку диспечерскиот центар е вратено во сите трафостаници, освен во опожарената, изјави Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.
Ковачевски нагласи дека нивни екипи работат на санирање на дефектот и најави оти во попладневните часови ќе биде обезбедено редовно снабдување со електрична енергија и на останатиот дел на градот.
Од утрово поширокиот реон околу автобуската станица е без напојување со електрична енергија.
Ново на Сител
-

УХМР: Утре ќе биде променливо облачно, на места со пороен дожд и грмежи во попладневните часови
-

Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром, кривична пријава против четири деца и пет родители
-

Вардар во криза? Поразот од КуПС отвори многу прашања
-

Даниела Димовска избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје
-

СП 2026: Швајцарија е последниот четвртфиналист
-

Мексикански државјанин застрелан во САД по наводен напад врз агент на ICE
-

Уапсен 33-годишник од Кисела Вода, при претрес на домот пронајдена дрога
-

Цените на нафтата скокнаа по американските напади врз Иран
