Опен АИ воведе безбедносни мерки за тинејџери кои ја користат алатката ChatGPT

Американската компанија за развој на вештачка интелигенција Open AI денес воведе мерки за безбедноста на тинејџерите кои ја користат алатката Chat GPT.
Новите опции им овозможуваат на родителите да ја поврзат својата сметка со сметката на своето дете и да ги прилагодат поставките за побезбедно корисничко искуство. Тие ќе можат да постават временски ограничувања за користење на алатката, да го исклучат гласовниот режим или генерирањето слики и да ја контролираат употребата на меморијата на четботот.
Кога сметките се поврзани, сметката на тинејџерот автоматски добива дополнителна заштита, вклучувајќи намалување на експлицитната содржина, онлајн предизвиците, сексуалниот, романтичниот или насилниот материјал и екстремните стандарди за убавина.
МИА
Ново на Сител
-

Global Digital City 2026 во Тетово
-

Без струја делови од Центар, Чаир и Студеничани
-

Министерот Љутков во работна посета на Кичево по изборот за Град на културата 2026
-

Со нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Кралот на Норвешка, Харалд хоспитализиран во Шпанија
-

На седница на Собранието законски измени за платите на функционерите, судиите, обвинителите
-

Мерц во прва официјална посета на Кина како канцелар на Германија
-

Трамп: Никогаш нема да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје
