Оклахома постави рекорд во НБА

Тандер го завршија регуларниот дел од сезоната во НБА со скор од 68 победи и 14 порази и со рекордни достигнувања.
Во просек, Оклахома Сити ги победи противниците со 12,9 поени разлика. Тоа го надминува рекордот на Лејкерс од 1971/72 година од 12,3 поени по натпревар.
- Го цениме она што го постигнавме, но сè уште сме гладни, изјави Марк Дејно, тренерот на Оклахома.
Оклахома го има шестиот најдобар биланс во историјата на франшизата. Тие се послаби само од Голден Стејт 2015/16 (73-9), Чикаго 1995/96 (72-10), Чикаго 1996/97 (69-13), Лејкерс 1971/72 (69-13) и Филаделфија 1966/67 (68-13).
Највисока просечна разлика во победи претходно постигнаа: Лејкерс 1971/72 (12,3 поени), Милвоки 1970/71 (12,3), Чикаго 1995/96 (12,2), Голден Стејт 2016/17 (11,6) и Бостон 2023/24 (11,3).
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
