-->
-->
ОЈО Прилеп поведе истрага за едно лице кое неовластено произведувало дрога за продажба
-->

ОЈО Прилеп поведе истрага за 44-годишен прилепчанец за неовластено производство дрога за продажба, а судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп му определи мерка притвор во траење до 30 дена.
Надлежен јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 44 години, поради постоење основано сомневање дека сторил продолжено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот на ден 9-ти овој месец во неговиот дом во Прилеп, неовластено заради продажба чувал 491 грама наркотична дрога марихуана, спакувана во десет ПВЦ опаковки, и 14 мл. смолеста материја – наркотична дрога хашиш. Лицето кое се гони од страна на обвинителството чувало и опрема за подготовка на наркотична дрога хашиш и семенски материјал во вкупна маса од 1,78 гр. од растениото Cannabis Sativa за кои знаело дека се наменети за производство на наркотични дроги.
Предметите, како што соопшти Јавното обвинителство, биле пронајдени од службени лица на Полициска станица Прилеп при извршен претрес во домот на осомничениот, врз основа на наредба издадена од Основниот суд Прилеп.
– Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи, па достави предлог за определување мерка притвор, што беше прифатен од судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп, кој со решение на обвинетиот му определи мерка притвор во траење до 30 дена, велат од Обвинителството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
-

Средба Мисајловски-Милер во Вашингтон: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет
-

Природно од Преспа со Билјана Петровска Митревска | Неформално | Sitel Podcast 144
-

Над 16 000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети
-

65-годишен маж пронајден починат во лифт во објект на Бит Пазар
-

Кривична за лице од скопско, неовластено влегувал во воени објекти и правел скици од истите
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
