Ограбени на спиење: Две кражби во Врапчиште ги вознемирија жителите

Вешти крадци, во две одвоени тешки кражби во селото Врапчиште, однеле пари, накит и други скапоцености, чија вредност надминува еден милион денари. Карактеристично за кражбите е дека се извршени во период кога домаќините спиеле, информираат од СВР Тетово.
Според Марјан Јосифоски, портпаролот на СВР Тетово, првата кражба која ја пријавил Е.Ј. (70) се случила во домот на зетот М.С. (51), вчера во перидот од 1 до 7 часот. - Крадците, најверојатно влегле преку незаклучена балконска врата на приземјето и од две спални соби во кои спиеле домашните одзеле неколку парчиња накит, два часовника и 50 швајцарски франци со вредност од над 420.000 денари, вели Јосифоски.
Во втората кражба, која се случила речиси во истиот период, провалници со кршење на цилиндер брава на влезна врата, влегле во домот на Б.А. (40), додека членовите на семејството спиеле. По пребарувањето, крадците заминале со плен кој се состоел од накит, 650 евра и 20 франци, со вредност од 600.000 денари.
Годинава, во полошкиот регион регистрирани се неколку вакви случаи, во кои домаќините за време на кражбите се дома и спијат, без да ги забележат провалниците.
Ново на Сител
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
-

Средба Мисајловски-Милер во Вашингтон: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет
-

Природно од Преспа со Билјана Петровска Митревска | Неформално | Sitel Podcast 144
-

Над 16 000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети
-

65-годишен маж пронајден починат во лифт во објект на Бит Пазар
-

Кривична за лице од скопско, неовластено влегувал во воени објекти и правел скици од истите
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
