Македонија
12. May 2026 - 19:58
Одрон од карпа на влезот на Радожда
За влакно избегната трагедија во струшкото село Радожда. Голем одрон од карпа падна и го блокира влезот но за среќа нема повредени лица.Мештаните велат дека станува збор за еден од најфреквентните туристички патишта а на само три метра од местото имало жители со мали деца.
Жителите стравуваат дека местото не е безбедно бидејќи имало и други карпи кои би можеле во секој момент да паднат а половина од селото е под карпи .Од месната заедница бараат трајно решение за проблемот и увид на состојбата на терен.
Инаку ова не е прв пат во туристичкото село покрај брегот на езерото да има одрони од карпи во 2021 година падна одрон врз семејна куќа а во друг случај одрони го затрупаа влезот на патот кон населбата Елен Камен.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
