Одлуката за мнозинството во американскиот Сенат ќе се знае дури во јануари

Дури на почетокот на јанаури дефинитивно ќе биде познато дали републиканците или демократите ќе имаат мнозинство во американскиот Сенат.
Републиканските кандидати вчера одбранија две места во Горниот дом на американскиот Конгрес, по едно во сојузните држави Алјаска и Северна Каролина, јавија американските медиуми.
Секоја од 50-те сојузни американски држави има по двајца претставници во Сенатот.
Американскоите медиуми вчера јавија дека поранешниот републикански сенатор на Алјаска, Дан Саливан, го победил демократскиот кандидат Ал Грос и дека републиканскиот сенатор од Северна Каролина, Том Тилис, доби нов мандат во дуелот со демократот, Кал Канингам.
Со овие две победи, републиканците во моментов имаат 50 свои сенатори, а демократите 48 од вкупно 100-те мандати во Сенатот.
Меѓутоа, ниту една од двете најголеми американски партии нема да има мнозинство во Сенатот се додека не се знае резултатот од вториот круг на изборите во сојузната држава Џорџија, закажан за 5 јануари. Тогаш, во тој изборен циклус, оваа сојузна држава ќе ги избере двајцата свои сенатори.
За и натаму да имаат контрола врз Сенатот на републиканците им е потребна само победа на еден од двата дуела, а на демократите им е потребна победа на двајцата кандидати.
Доколку демократите ги освојат двете сенаторски места во Џорџија, рамнотежата на силите во Сенатот ќе биде 50: 50, а во таков случај одлучува гласот на претседателот на Сенатот, кој е потпретседателот на САД.
Водечките американски медиуми во саботата го прогласија демократскиот кандидат Џозеф Бајден за новоизбран претседател на САД. Доколку неговата победа биде потврдена, потпретседател на САД ќе биде сенаторката од Демократската партија, Камала Харис, која од 20 јануари ќе треба да претседава со Сенатот.
Покрај претседателот и сите 435 членови на Претставничкиот дом, американските граѓани на 3 ноември избраа и 35 од 100-те сенатори. Третина од членовите на Сенатот, во кои републиканците досега имаа тесно мнозинство, се избираат на секои две години, а мандатот на сенаторот трае шест години.
Џорџија во последните 20 години нема дадено сенатор од редовите на Демократската партија. Фактот дека победникот на претседателските избори во оваа сојузна држава се уште не е познат, сведочи и за острата поделба меѓу демократите и републиканците.
Според американските медиуми, по 99 проценти обработени гласачки ливчиња во Џорџија мала предност има Бајден со 49,5 проценти, а сегашниот претседател на САД, републиканецот Доналд Трамп, 49,2 проценти. Затоа вчера се донесе долука за пребројување на сите гласачки ливчиња за претседателските избори во оваа држава.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
-

СДСМ бара вонредна седница и итни мерки
-

Откажани 20 летови на скопскиот аеродром поради густа магла, расчистување и снег од вторник
-

Дали новата варијанта на грип што се шири во Европа ќе ги загрози и граѓаните во Македонија?
-

Експерти: Барањата на Ахмети се надвор од Рамковниот договор, смените во опозицијата се козметички
-

Тивкиот повик за припадност: Како плакати и QR-кодови стануваат „јадица“ за радикализација
-

Патот до Галичица затворен
