Одложена седницата за избор на в.д државен јавен обвинител
Советот на јавни обвинители го одложи изборот на в.д јавен обвинител.. Заради отсуство на Јелена Догазанска Колева, наместо денеска, изборот на привремен државен јавен обвинител, советот ќе го прави во понеделник.. Предлогот дојде од обвинителот Ермон Незири..
„Дали евентуално би можело да се одложи ден-два за да дојде колешката да може Советот барем кога ќе излезе со став, да може секој член да си го каже ставот“, изјави Ермон Незири, Член на Совет на Јавни обвинители.
„Се работи за сериозен момент. Добро би било ние како членови на овој Совет да имаме свое видување на кандидатот кој ќе биде предложен за таа позиција“, изјави Ардиан Демири, Член на Совет на Јавни обвинители.
Изборот на в.д државен јавен обвинител доаѓа по оставката на Љупчо Коцевски за кого Владата бараше негово разрешување.. За функцијата в.д, ќе биде предложен еден од деветтемина обвинители во републичкото јавно обвинителство, но, на таа позиција може да остане најмногу шест месеци..
За избор на нов државен обвинител со шестгодишен мандат, постапката треба да ја иницира Владата.. Од таму велат дека штом побараат од Собранието да го објави огласот за наследник на Коцевски, јавноста ќе ја информираат веднаш..
Право да се пријават на огласот имаат обвинители или судии кривичари со најмалку десетгодишен стаж.. Секој од нив ќе биде оценет од Советот на јавни обвинители, кој потоа ја информира Владата.. Таа одлучува кој од позитивно оценетите кандидати ќе го предложи на Собранието за нов републички јавен обвинител.. За негов избор е потребен глас од 61 пратеник..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
