Македонија
24. December 2025 - 12:21

Одложена седницата на Судскиот совет

Судскиот совет денеска ја одложи закажаната седница поради немање кворум, бидејќи на седницата присуствуваа само шест од вкупно 15 члена.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, информираше дека поради недоволниот број присутни членови не се исполнети условите за одржување на седницата, по што таа е одложена, а новиот термин дополнително ќе биде соопштен.

Тој објасни дека дел од членовите се на годишен одмор а дел на болдеување, додека на двајца им бил истечен мандатот.