Одбележување на 26 Септември-Светскиот ден на контрацепција

По повод Светскиот ден на контрацепција-26 Септември, младите од Асоцијација за здравствена едукација и истражување „ХЕРА“ ја истакнаа важноста од зголемувањето на свеста за контрацептивните средства и методи, како и потребата од едукација на младите луѓе со цел да им се овозможи да донесуваат правилни одлуки за своето сексуално и репродуктивно здравје.
- Контрацепцијата пред сè претставува право на здравје и здравствена заштита. Во 2012 година Обединетите нации, односно Фондот за население на Обединетите нации го прогласи пристапот до контрацепција за универзално право, истакнуваат од „ХЕРА“.
Во Студијата за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст од 2013 година, стапката на употребата на пилули за контрацепција кај младите на 15-годишна возраст во Македонија е шест проценти и е значително пониска од меѓународниот просек, кој изнесува 22 отсто.
Според „ХЕРА“, цената на чинење на контрацептивните средства претставува бариера, особено за младите луѓе. Во Македонија, како што се наведува, има контрацептиви кои не се покриени од Фондот за здравствено осигурување.
Според Извештајот за состојбата на светското население од 2011 година, процентот на жените од Македонија кои се во репродуктивен период и кои користат модерна контрацепција е далеку зад земјите од соседството и Европа.
Младите од „ХЕРА“ бараат намалување на цените на контрацептивните средства, воведување на барем едно контрацептивно средство што ќе биде покриено од страна на ФЗОМ, воведување на сеопфатно сексуално образование во училиштата со цел кршење на митовите и бариерите кои постојат во врска со сексуалното и репродуктивното здравје, особено контрацепцијата.
Ново на Сител
-

Зеленски: Подготвуваме пакет санкции против актерите вклучени во извозот на украдено жито
-

Тошковски: Врсничкото насилство во Ѓорче сериозно се истражува, 14 лица повикани на разговор
-

43-годишен штипјанец пронашол неактивирана експлозивна направа во подрумскиот дел од неговата куќа
-

„Опен-АИ“ го прекинува ексклузивниот договор со „Мајкрософт“ заради соработката со „Амазон“ и „Гугл“
-

Путин: Глобалниот поредок се урива, доаѓа нова ера
-

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани 620 кубни метри отпад од диви депонии во сите скопски општини
-

Од четврток дожд и опаѓање на температурите
-

Трамп не е задоволен од иранскиот предлог за завршување на војната, вели официјален претставник
