Одбележана Неделата на грижа за стари лица во Крива Паланка

Општинската организација на Црвен Крст Крива Паланка со низа активности ја одбележа Неделата на грижа за стари лица која се одбележува од 21 до 27 ноември.
- Извршено е мерење на шеќер во крв и мерење на крвен притисок на педесет стари лица од општината од страна на нашите волонтери-медицински лица. Мерењето на овие два параметра е овозможено од ЕВН-Македонија, а пред пензионерките од градот беше презентирано и промотивното видео изработено од Црвен крст на Македонија со поддршка на Австриски Црвен крст. Видеото е посветено на неделата на стари лица кое ја пренесува јасната порака на годинашното мото - „Сите сме нивни деца“, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен Крст, Крива Паланка.
Организирана е и работилница за клубот на пензионерки кој функционира во кривопаланечката организација на Црвен ксрт - „Достоинствен живот“.
- На оваа работилница беа презентирани правата на старите лица, од наследно право, здравствено, социјално право и други. Истовремено, 28 членки на клубот беа активно вклучени во општинската манифестација „Кривопаланечка еко-храна“ за која беа ангажирани во подготовка и презентација на традиционални специјалитети од овој крај, додаде Пешовски.
Ново на Сител
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
