Одбележан Денот на народното востание во Гевгелија

Гевгелија со пригодни празнични манифестации денеска го одбележа Денот на борецот и 77-годишнината од почетокот на вооруженото востание за ослободување од фашистичкиот окупатор.
Чествувањето на празникот го збогатија делегациите на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Сашо Поцков ,боречката организација, политичките партии и подржувачи на револуционерното дело кои положија цвеќе и оддадоа почит пред Спомен костурницата на паднатите борци во НОВ.
- Огромно значење има овој ден за историјата на Македонија затоа што претставува продолжение на вековниот стремеж и целта за која се бореа сите што ги положија своите животи. Денеска им оддаваме должна почит и им ветуваме дека нивното дело никогаш нема да го заборавиме,рече Ристо Марковски, претседател на боречката организација од Гевгелија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
