Одбележан Денот на бригадата за логистичка поддршка

Во Командата на бригадата за логистичка поддршка (брЛП) денеска втор пат свечено беше одбележан Денот на бригадата, со што се продолжуваат традициите на организираната македонска воена логистика, воспоставена во 1876 година, кога под водство на Димитар Поп Георгиев Беровски, востаниците ги продавале своите вредни работи заради логистичко обезбедување на Разловечкото востание.
Заменик командантот на брЛП Цветко Јаневски потсетувјаќи дека бригадата со сегашната структура функционира од април 2012 година, но поодамна со различни називи и структура, изрази убедување дека единицата има капацитет, способности и знаења да ги извршува сите задачи и да го обезбеди она што се бара од нив, а тоа е испорачување поддршка во право време, на право место и во потребни количини.
- Треба да обезбедиме поддршка за сите единици на АРМ, на начин кој ќе овозможи успешно извршување на сите задачи во мир, кризни состојби и војна, рече меѓу другото Јаневски.
Во присуство на заменик-началникот на ГШ на АРМ генералот Мухамет Рацај, генерали, команданти и припадници на единиците на АРМ, како и на претставници на МО, командантот на Здружената оперативна команда Васко Ѓурчиновски им оддаде јавно признание за дадената борбено сервисна поддршка на командите и единиците на АРМ.
- Од сите вас барам да продолжите посветено, професионално и ефикасно да ги извршувате работните задачи. При вршењето на задачите раководете се од филозофијата: „во околноситте кои ги имаме, изнаоѓајте решенија во согласност на законските одредби за постигнување на целта и идејата на претпоставениот“ и не изнаоѓајте причини зошто задачите не можат да се извршат, им порача командантот на ЗОК Ѓурчиновски.
Историски осврт за Денот на единицата, имаше директорот на Воениот музеј Александар Стојчев, кој потенцира дека денеска е посебен јубилеј бидејќи одбележуваме 140 години од Разловечкото востание. Воената историја на Македонија согласно она што го имаме во музеите и архивите, подвлече, трае повеќе од 28 векови на почвата на нашата држава. Стојчев истакна дека речиси и да не постои регионален и глобален воено историски настан кој не ја погодил Македонија. Денот 20 мај 1876 година, оцени, е особено значаен за АРМ бидејќи е и најстар датум институционализиран во традициите на Армијата.
- Согласно воената организираност, логистичките подготовки и поставените цели, Разловечкото востание претставува зародиш на македонската војска и светилник за продолжување на револуционерната и национално ослободителната борба за создавање самостојна и независна Македонија. На знамето изработено по наредба на командантот на востанието Димитар Поп Георгиев Беровски е издигнат црвен лав на жолта свила, со повик „Станете да ве ослободам- Македонија“. Востанието е организирано и изведено со сопствени средства, а особено значење има за воената логистика бидејќи првпат организирано со цел ослободување на Македонија се вршат набавки на оружје, воена опрема, муниција, санитетски материјал, храна, облека и други средства за воени потреби, говореше во освртот директорот на Воениот музеј Стојчев.
По повод Денот на брЛП денеска беа доделени стимулативни мерки и беше прогласена и најдобрата екипа на одржаните спортски активности кои претходеа на одбележувањето на денот.
Инаку, Командата за логистичка поддршка е највисока единица од доменот на логистиката во АРМ, чија основна мисија е планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка на командите и единиците на АРМ.
Со одлука на претседателот на Република Македонија за определување на денови на единиците на АРМ, за Ден на брЛП е одреден 20 мај, во спомен на денот кога во 1876 година започнало Разловечкото востание.
Ново на Сител
-

Израел изврши напад во јужен Либан по стапувањето во сила на прекинот на огнот, јавува ННА
-

Кривична за директор на градинка во Штип, го оштетил буџетот на општината и градинката за над 7,7 милиони денари
-

Сиљановска-Давкова на промоција на иницијативата за обновување и одржлив развој на Галичник
-

СП 2026: Ноер се повлекува од репрезентацијата по Мундијалот
-

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина
-

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор
-

АХВ работи на нова одлука за надоместоците на ветеринарните друштва, тие се жалат дека се во тешка финансиска состојба
-

Секој петти Европеец страда од ментално заболување
