-->
-->
Од утре до петок врнежи од дожд, а на планините од снег
-->

Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладувањето, врнежите ќе преминат во снег и на некои од повисоките места.
Според најавите од Управата на хидрометеоролошки работи (УХМР), пообилни врнежи ќе има восреда и в четврток кога локално се очекува да наврнат над 50 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен, а в среда засилен ветер од североисточен правец.
Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури.
Во Скопје во следните три дена ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни в среда попладне и в четврток. Потоа времето ќе биде претежно стабилно и потопло.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
-

Владата утре ќе ја намали акцизата и ќе го задржи ДДВ на 10 отсто кај горивата
-

Мицкоски: СДСМ се однесува како локална организација на бугарска партија
-

МОН најде приватен институт во обложувалница, со два душеци и две столчиња
-

Тече конкурсот за упис во средните училишта, најмногу место има за ученици во средните стручни училишта
-

Третманот со ефикасна терапија го зголеми бројот на преживеани на Oнкологија
