Од Прилеп почнува 11. Фестивал на новиот германски филм

Под мотото „Сакам филм“ вечерва во Центарот за култура во Прилеп ќе почне 11. издание на Фестивалот на новиот германски филм.
Фестивалот ќе почне со проекција на криминалниот филм „Роден во болка“, а ќе бидат прикажани десет актуелни германски продукции од минатата и од оваа година, во десет македонски градови-Скопје, Прилеп, Куманово, Битола, Охрид, Велес, Тетово, Кавадарци, Штип и Струмица.
Свеченото отворање на фестивалот е на 14 октомври во киното „Милениум“ во 19:30 часот. Предвиден е прием на кој ќе присуствуваат германската амбасадорка во Македонија Кристине Д. Алтхаузер и претставници од ПроКредит Банка.
Во рамки на фестивалот, до 18 октомври во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе бидат прикажани уште девет други филмови-комедии, драми, еден историски филм и два детски. Изборот прикажува пресек на широката палета на германската кинематографија, поддржана со јавни средства. Сите филмови може да се видат во оригинал на германски јазик, со македонски поднаслови, а во Тетово на албански.
Фестивалот на новиот германски филм е најголемото достигнување во годината на културната програма на Германската амбасада.
- И годинава ни успеа да ја прикажеме разноликоста на германската кинематографија на македонските киноекрани, со теми кои се важни за секого, изјави германската амбасадорка Кристине Д. Алтхаузер.
Билјана Северинова од ПроКредит Банка истакна дека македонската публика од година во година се повеќе покажува интерес за филмско доживување од германската кинематографија. - Затоа како германска банка веќе втора декада со големо задоволство се вклучуваме во овој проект, рече Северинова.
Ново на Сител
-

Пожарот кај Исар во Штип под контрола, зафатени фотоволтаици кај Чардаклија
-

Сончев и ветровит викенд, од понеделник можен пороен дожд и грмежи
-

Две возила се судрија на патот Штип-Пробиштип, едно во обид да избегне пламени наноси преминало во спротивна лента
-

Во Франција за една недела починаа речиси 9.000 лица од екстремни жештини
-

Двајца турски државјани се обиделе во Грција да внесат 50 пиштоли наменети за криминални групи
-

Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок, порача Мицкоски
-

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за Изборниот законик
-

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус
